Известување за приватноста на ЕЕО за ЗР

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТА НА ЕЕО ЗА ЗР

ВОВЕД

Ова известување за приватноста на ЕЕО за здравствените работници („Известување за приватноста за ЗР “ или „ известување за приватноста“) ги опишува Личните податоци кои компаниите на „Фајзер“ во ЕЕО наведени во делот Контактирајте нè, подолу, (понатаму во текстот Pfizer, „ние“ ) ги собираат за Вас како здравствен работник („ЗР“) во нашата интеракција со Вас; како ги користиме тие податоци; како ги штитиме; и одлуките кои можете да ги донесете во врска со своите Лични податоци. Ве повикуваме да го разгледате ова Известување за приватноста за ЗР и да кликнете на достапните линкови или да ја изберете опцијата „Дознајте повеќе“ ако сакате дополнителни информации за одредена тема.

Ако имате интеракција со нас онлајн, исто така Ве молиме да го погледнете и известувањето за приватноста поставено на веб-страницата или во апликацијата што ја користите.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

„Лични податоци“ се податоци кои Ве идентификуваат како личност или кои се однесуваат на поединец кој може да се идентификува. Ќе собираме Ваши Лични податоци кога се состануваме со Вас, кога учествувате во нашите програми, активности, индустриски манифестации, на саеми или во врска со Вашите прашања и комуникацијата со нас. Исто така, собираме Лични податоци од компании кои се занимаваат со податоци и кои даваат информациски услуги во здравствениот сектор, јавно достапни извори на професионални информации и од заедничките маркетиншки партнери.

    Личните податоци кои можеме да ги собираме вклучуваат:

Кога од Вас ќе се побара да дадете Лични податоци, можете тоа да го одбиете. Но, ако одлучите да не ги дадете податоците што ни се неопходни за да ги овозможиме бараните услуги или да ги извршиме нашите договорни обврски, можеби нема да бидеме во можност да Ви ги дадеме тие услуги или да ги извршиме договорните обврски.

Ако ни дадете Лични податоци или ни дозволите да собираме какви било Лични податоци во врска со друго лице, вклучувајќи податоци за несакано случување, ни кажувате дека сте овластени да ги споделувате тие податоци и да ни дозволите да ги користиме тие податоци на начин опишан во ова Известување за приватноста на ЕЕО за ЗР.

КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци ги користиме со цел да:

    Интеракцијата со Вас го вклучува следново:

     

    Нашите деловни активности го вклучуваат следново:

КАКО ГИ ОБЈАВУВАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

    Личните податоци ги објавуваме на следниот начин:

ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРЕНОС НА ВРЕДНОСТИ

Компанијата Pfizer во земјата во којашто работи ќе ги објавува јавно преносите на вредностите кои ги примате од која било компанија во согласност со Кодексот за транспарентност на EFPIA и/или применливите локални закони (како што е исплата на професионални надоместоци, патни, сместувачки и лични трошоци).

Освен доколку не е поинаку пропишано со закон, ќе ги објавиме Вашиот идентитет, градот и земјата на Вашата професионална практика, како и датумот, природата и износот на сумата што сте ја примиле од компанијата Pfizer. Бројот на Вашата лична карта или на социјалното осигурување ќе биде објавен само ако тоа го бара локалниот закон. Овие објави ќе бидат поставени на нашите веб-страници и/или на веб-страниците на локалните фармацевтски здруженија на EFPIA. Кога тоа е задолжително според закон, објавувањето исто така ќе се изврши и на релевантни владини веб-страници. Податоците по објавувањето ќе бидат достапни 3 години (освен ако во Вашата земја не важи друг законски период).

Овие податоци ги објавуваме во согласност со согласување, закон или со легитимни интереси.

    Објавувањето на овие податоци им служи на повеќекратните легитимни интереси на друштвото, а тоа ги вклучува пациентите, здравствените системи, фармацевтската индустрија и Вас како ЗР, така што:

ПОЕДИНЕЧНИ ПРАВА

Ако сакате да побарате преглед, корекција, ажурирање, спречување, ограничување, приговор или бришење на Личните податоци што сте ни ги дале, да ја повлечете согласноста или ако сакате да побарате прием на електронска копија од таквите Лични податоци со цел пренос на друга компанија, можете да нè контактирате на начинот наведен во делот Контактирајте нè. На Вашето барање ќе одговориме во согласност со применливите закони.

Во Вашето барање Ве молиме наведете кои Лични податоци сакате да ги измените, дали сакате да бидат отстранети од нашата база на податоци или известете нè на кој начин сакате да ја ограничите нашата употреба на податоците. За Ваша заштита, можеби ќе мораме да го потврдиме Вашиот идентитет пред извршувањето на Вашето барање. Ќе се обидеме да го исполниме Вашето барање што е можно побрзо, во разумен рок.

Ве молиме имајте предвид дека можеби ќе мораме да задржиме одредени Лични податоци за потребите за водење евиденција и/или за довршување на евентуални трансакции кои сте ги започнале пред поднесувањето на барањето за измена или бришење.

БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Се трудиме да користиме разумни организациски, технички и административни мерки за заштита на Вашите Лични податоци. За жал, ниеден систем за пренос или складирање на податоци не може да гарантира стопроцентна безбедност.

ПЕРИОД НА ЗАДРЖУВАЊЕ

Вашите Лични податоци ќе ги задржиме колку што е потребно или дозволено во рамки на целта/целите за која/кои се собрани и како што е наведено во ова Известување за приватноста. Критериумите за утврдување на нашите периоди на задржување вклучуваат: (i) колку долго имаме однос со Вас и Ви ја овозможуваме Страницата; (ii) дали постои законска обврска на која сме подложни; или (iii) дали задржувањето се советува во рамки на нашата законска положба (на пример, во поглед на примената на Правилата на користење на Страницата, применливата застареност, парнична постапка или регулаторни истраги).

ПРЕКУГРАНИЧЕН ПРЕНОС

Податоците кои ги собираме преку Страницата можат да бидат складирани и обработени во која било земја во којашто имаме објекти или од каде што ангажираме даватели на услуги, вклучувајќи ги САД и местата на кои работат нашите подружници.

За некои земји кои не се членки на EEО Европската комисија има утврдено дека обезбедуваат соодветно ниво на заштита на податоци во согласност со стандардите на EEО (целиот список на овие земји е достапен овде). За пренос од ЕЕО во земјите кои Европската комисија не ги смета за соодветни, имаме воспоставено соодветни мерки, на пример така што се имаме осигурано дека примателот се обврзува на Стандардните договорни клаузули на ЕУ, за заштита на Вашите Лични податоци.

За да добиете копија од овие мерки, ве молиме кликнете тука.

ПОДАТОЦИ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ

Страницата не е наменета за лица помлади од шеснаесет (16) години и ние свесно не собираме Лични податоци на такви личности. Ако сте под релевантната старосна граница во вашата област на надлежност, ќе Ви треба дозвола од еден родител или законски старател за користењето на Страницата. Ве молиме консултирајте се со Вашиот родител или законски старател пред користењето на Страницата.

Ако ни дадете Лични податоци на лица помлади од шеснаесет (16) години, потврдувате дека имате соодветно овластување за тоа и дека тоа овластување можете да го покажете на компанијата Pfizer на нејзино барање.

АЖУРИРАЊЕ

Од време на време ќе го ажурираме ова Известување за приватноста на ЕЕО за ЗР. Сите евентуални промени ќе стапат на сила кога на Страницата ќе го објавиме ревидираното Известување за приватноста. Ова Известување за приватноста последен пат е ажурирано на датумот на „Последно ажурирање“ прикажан горе.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Компанијата одговорна за собирање, користење и објавување на Вашите Лични податоци според ова Известување за приватноста е:

Pfizer Export B.V. ,

Rotterdam, Rivium Westlaan 142,
2909LD Capelle aan den ljssel, Холандија

Ако имате прашања за ова Известување за приватноста или сакате да поднесете барање за остварување на кои било поединечни права, Ве молиме пишете ни на следната адреса:

Pfizer Export B.V.

Rotterdam, Rivium Westlaan 142,
2909LD Capelle aan den ljssel, Холандија

Исто така, можете да се обратите на нашето службено лице за заштита на податоци задолжено за Вашата земја или регион, доколку постои. За да најдете податоци за контактирање на службеното лице, одете на: DPO.Pfizer.com.

ПОДНЕСУВАЊЕ ЖАЛБА ВО РЕГУЛАТОРНО ТЕЛО

Можете да поднесете жалба во тело задолжено за заштита на личните податоци во Вашата земја или регион или во местото на наводното прекршување на правата. Ве молиме кликнете тука за податоците за контакт на таквите тела.