Добредојдовте во Pfizer – Северна Македонија!

Откритија кои ги менуваат животите на пациентите

За компанијата Pfizer

Доброто здравје е од клучно значење за сите нас и пронаоѓањето одржливи решенија за најургентните здравствени предизвици на нашиот свет не може да чека. Затоа ние во компанијата Pfizer сме посветени на примена на науката и на нашите глобални ресурси за подобрување на здравјето и благосостојбата во секоја фаза од животот. Настојуваме да им обезбедиме пристап до безбедни, ефикасни и достапни лекови и поврзани здравствени услуги на луѓето на кои им се потребни.

Имаме водечко портфолио на производи и лекови кои ја поддржуваат благосостојбата и превенцијата, како и терапии и лекови за болести во широк дијапазон на терапевтски области; исто така, имаме водечки систем на подготовки во индустријата за нови ветувачки производи кои имаат потенцијал да се борат со некои од најстрашните болести на нашето време, како што се Алцхајмеровата болест и ракот.

За да бидеме сигурни дека можеме да продолжиме со исполнување на нашите обврски кон пациентите, купувачите и акционерите кои се потпираат на нас, ќе се концентрираме на подобрување на нашиот начин на работење, на транспарентно работење во сè што правиме; и се трудиме да го слушаме мислењето на сите луѓе вклучени во донесувањето здравствени одлуки. Преку партнерството со сите, од пациентите, преку здравствените работници, организации за регулирана здравствена заштита, до светските влади и невладини организации, нашата цел е на луѓето низ целиот свет да им обезбедиме пристап до иновативни терапии и квалитетна здравствена нега.

Корпоративен преглед

Во компанијата Pfizer ги применуваме науката и нашите глобални ресурси за да им обезбедиме на луѓето терапии кои ги продолжуваат и значително ги подобруваат нивните животи. Настојуваме да поставиме стандарди за квалитет, безбедност и вредност во откривањето, развојот и производството на производи за здравствена нега. Нашето глобално портфолио вклучува лекови и вакцини, како и бројни светски познати препарати за здравствена нега за широка потрошувачка. Секој ден, колегите во компанијата Pfizer работат на развиените и на пазарите во развој за да го унапредат доброто здравје, превенцијата, терапијата и лековите кои се борат со најстрашните болести на нашето време. Во согласност со нашата одговорност како една од најдобрите иновативни биофармацевтски компании на светот, соработуваме со здравствени работници, влади и локални заедници за да го поддржиме и да го прошириме пристапот до сигурна и достапна здравствена нега ширум светот. Во текот на повеќе од 170 години, компанијата Pfizer работи на тоа да направи разлика за сите кои се потпираат на нас.

Корпоративна одговорност

Ние во компанијата Pfizer веруваме дека само со држење на нашите основни вредности во центарот на сè можеме да напредуваме во нашата мисија за подобрување на здравјето на луѓето ширум светот и во создавањето континуирана вредност за луѓето кои влијаат на и на кои влијае нашето работење.

Како таква компанија, посветени сме на почитување на највисоките етички стандарди во сè, од истражувањето и развојот до продажбата и маркетингот. Фокусирани сме на негување на работните места кои се одликуваат со разновидност и инклузија на нашите колеги, одржување на пристап во работењето во чија средина се купувачите и давање на заедниците во кои работиме и живееме. Исто така, посветени сме на постојан напредок во иновациите со помош на мудро вложување на нашите ресурси и на соработка со партнери од целиот свет.

Кодекс за објавување на податоците на Европската федерација на фармацевтски индустрии и здруженија (EFPIA)

Редовно соработуваме со здравствените работници (ЗР) и со здравствените организации (ЗО) кои нè советуваат за низа теми, како што се развојот на лекови, улогата на лекот во текот на лечењето на пациентот; здравствената економија и најдобрата клиничка практика. Овие работни односи се од суштинска важност за добивање информации од реалниот свет кои ни се неопходни за да обезбедиме опции за лечење кои го подобруваат здравјето на пациентите и за да споделуваме информации кои би можеле да бидат релевантни за донесување клинички одлуки.

Сакаме луѓето да знаат и да разбираат што и како правиме. Посветени сме на транспарентност во врска со нашиот начин на работење како компанија и во врска со односите што ги имаме со ЗР и ЗО. Се надеваме дека споделувањето информации за овие односи на јасен и отворен начин ќе придонесе за објаснување на критичната вредност што овие односи ја имаат за негата на пациентот.

Веруваме дека транспарентноста е клучна за градење и зачувување на довербата во нас и во нашите лекови и силно ја поддржуваме работата на Европската федерација на фармацевтски индустрии и здруженија (EFPIA) за подобрување на транспарентноста во фармацевтската индустрија.

Кодексот за објавување на податоците на EFPIA дава заедничка основа за известување низ Европа во врска со пренесувањето на вредностите. За повеќе информации за овој Кодекс посетете: http://transparency.efpia.eu или http://fbn.mk/

Објавувањето на овие информации служи исклучиво за транспарентност, како што е подетално наведено во политиката на приватност на Pfizer за EEО за ЗР (дел „Објавување на преносот на вредности“). Тоа не подразбира општо овластување на личностите кои пристапуваат на веб-страницата на кој било начин понатаму да ги обработуваат податоците на здравствените работници (ЗР), како на пример да ги комбинираат со информациите објавени на други веб-страници.

Тука, во Северна Македонија, податоците за исплати извршени на ЗР и ЗО во текот на 2019 година ќе бидат достапни најдоцна до јуни 2020 година, на веб-страницата: www.pfizer.mk