ВОВЕД
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
КАКО ГИ ОТКРИВАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРЕНОС НА ВРЕДНОСТИ
ИНДИВИДУАЛНИ ПРАВА
БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ
ПРЕКУГРАНИЧНИ ПРЕНОСИ
ПОДАТОЦИ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ
АЖУРИРАЊА
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР ДО РЕГУЛАТОРНО ТЕЛО
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТА НА ЕЕО ЗА ЗР
Ова известување за приватноста на ЕЕО за здравствените работници („Известување за приватноста за ЗР “ или „ Известување за приватноста“) ги опишува Личните податоци кои друштвата на „Фајзер“ во ЕЕО наведени во делот Контактирајте нè, подолу, (понатаму во текстот„Pfizer“, „ние“ ) ги собираат за Вас како здравствен работник („ЗР“) во нашата интеракција со Вас; како ги користиме тие податоци; како ги штитиме; и одлуките кои можете да ги донесете во врска со своите Лични податоци. Ве повикуваме да го разгледате ова Известување за приватноста за ЗР и да кликнете на достапните линкови или да ја изберете опцијата „Дознајте повеќе“ ако сакате дополнителни информации за одредена тема.
Ако имате интеракција со нас онлајн, исто така Ве молиме да го погледнете и Известувањето за приватноста поставено на веб-страницата или во апликацијата што ја користите.
„Лични податоци“ се податоци кои Ве идентификуваат како личност или кои се однесуваат на физичко лице кое може да се идентификува. Ќе собираме Ваши Лични податоци кога се состануваме со Вас, кога учествувате во нашите програми, активности, настани од индустријата, на саеми или во врска со Вашите прашања и комуникацијата со нас. Исто така, собираме Лични податоци од друштва кои се занимаваат со податоци и кои даваат информациски услуги во здравствениот сектор, јавно достапни извори на професионални информации и од заедничките маркетиншки партнери.
Дознајте повеќе
Личните податоци кои можеме да ги собираме вклучуваат:
Име
Податоци за контакт (поштенска адреса, телефонски броеви, е-пошта, број на факс)
Претпочитан јазик
Професионална фотографија
Ваши интереси (како што се теми од областа на здравството за кои ќе побарате информации од нас)
Работна биографија, вклучувајќи податоци поврзани за Вашето образование, лиценца, специјализација, професионална припадност (на пример, членство во медицински здруженија или мрежи на ЗР), публикации, квалификации и други професионални достигнувања
Податоци поврзани со Вашето користење на нашите производи, Вашите интеракции со нас, Вашиот претпочитан метод на комуникација со нас и услугите за оние за кои се грижите
Финансиски и банковни податоци кои ни ги давате за да Ви платиме за услугите и да обезбедиме надомест за професионални дневници, патни трошоци, трошоци за сместување и лични трошоци
Национален идентификациски број, број на пасош, даночен идентификациски број
Патни претпочитања
Кога од Вас ќе се побара да дадете Лични податоци, можете тоа да го одбиете. Но, ако одлучите да не ги дадете податоците што ни се неопходни за да ги овозможиме бараните услуги или да ги извршиме нашите договорни обврски, можеби нема да бидеме во можност да Ви ги дадеме тие услуги или да ги извршиме договорните обврски.
Ако ни дадете Лични податоци или ни дозволите да собираме какви било Лични податоци во врска со друго лице, вклучувајќи податоци за несакано дејство, ни кажувате дека сте овластени да ги споделувате тие податоци и да ни дозволите да ги користиме тие податоци на начин опишан во ова Известување за приватноста на ЕЕО за ЗР.
Личните податоци ги користиме со цел да:
Оствариме интеракција со Вас кога имаме договорен однос или легитимен интерес.
Интеракцијата со Вас го вклучува следново:
Да работиме во согласност со нашите законски обврски или да ги исполниме нашите легитимни интереси во одржувањето на работењето.
Нашите деловни активности го вклучуваат следново:
Личните податоци ги објавуваме на следниот начин:
На другите друштва на Pfizer (списокот на нашите друштва погледнете го тука) за целите опишани во ова Известување за приватноста на ЕЕО за ЗР.
На нашите даватели на услуги кои се трети страни, за да дадат услуги како што се анализи на податоци, технологија на податоци и обезбедување поврзана инфраструктура, кориснички услуги, ревизија и други услуги.
На друштва кои се занимаваат со податоци и кои даваат информациски услуги во здравствениот сектор, за да се осигураме дека Вашите податоци ќе бидат редовно ажурирани и секогаш точни.
На други друштва со кои соработуваме во врска со заеднички развој, дистрибуција и пласирање на одредени производи или услуги на пазарот.
За исполнување на некое регулаторно барање, почитување на судски процес, извршување на судски налог, барање од државен орган или законски процес на кој би биле изложени.
За преземање законски дејства или други заштити на безбедноста, правата или имотот на нашите купувачи, јавноста, друштвата на „Фајзер“ и нашите поврзани лица.
За приготвување, довршување и примена на секоја евентуална реорганизација, спојување, продажба, заедничко вложување, пренос или друго располагање во целост или со дел од нашиот бизнис, средства или акции/удели (вклучително и во врска со каква било стечајна или слична постапка).
Друштвото Pfizer во земјата во којашто работи ќе ги објавува јавно преносите на вредностите кои ги примате од кое било друштво во согласност со Кодексот за транспарентност на EFPIA и/или применливите локални закони (како што е исплата на професионални надоместоци, патни, сместувачки и лични трошоци).
Освен доколку не е поинаку пропишано со закон, ќе ги објавиме Вашиот идентитет, градот и земјата на Вашата професионална практика, како и датумот, природата и износот на сумата што сте ја примиле од друштвото Pfizer. Бројот на Вашата лична карта ќе биде објавен само ако тоа го бара локалниот закон. Овие објави ќе бидат поставени на нашите веб-страници и/или на веб-страниците на локалните фармацевтски здруженија на EFPIA. Кога тоа е задолжително според закон, објавувањето исто така ќе се изврши и на релевантни веб-страници на државни органи. Податоците по објавувањето ќе бидат достапни 3 години (освен ако во Вашата земја не важи друг законски период).
Овие податоци ги објавуваме врз основа на согласност, закон или на легитимни интереси.
Објавувањето на овие податоци им служи на повеќекратните легитимни интереси на друштвото, а тоа ги вклучува пациентите, здравствените системи, фармацевтската индустрија и Вас како ЗР, така што:
Влева доверба на јавноста во интегритетот и независноста на ЗР.
Придонесува за зачувување на јавното здравје и промовирање на одговорностите на ЗР кон пациентите за одлуките за нивното лечење.
Ја покажува посветеноста за непрекинато образование на ЗР, што придонесува за подобра нега на пациентот.
Ако сакате да побарате пристап , преглед, исправка, ажурирање, спречување, ограничување, бришење или да приговарате на обработката на Личните податоци што сте ни ги дале, да ја повлечете согласноста или ако сакате да побарате прием на електронска копија од таквите Лични податоци со цел да се пренесат на друго друштво, можете да нè контактирате на начинот наведен во делот Контактирајте нè. На Вашето барање ќе одговориме во согласност со применливите закони.
Во вашето барање Ве молиме наведете кои Лични податоци сакате да ги измените, дали сакате да бидат отстранети од нашата база на податоци или известете нè на кој начин сакате да ја ограничите нашата употреба на податоците. За Ваша заштита, можеби ќе мораме да го потврдиме Вашиот идентитет пред извршувањето на Вашето барање. Ќе се обидеме да го исполниме Вашето барање што е можно побрзо, согласно роковите пропишани со закон (доколку ги има).
Ве молиме имајте предвид дека можеби ќе мораме да задржиме одредени Лични податоци за потребите за водење евиденција и/или за довршување на евентуални трансакции кои сте ги започнале пред поднесувањето на барањето за измена или бришење.
Во ситуации каде обработката на Вашите Лични податоци се врши врз основа на согласност, Вие имате право да ја повлечете согласноста во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката заснована на дадена согласност пред нејзиното повлекување.
Се трудиме да користиме разумни организациски, технички и административни мерки за заштита на Вашите Лични податоци. За жал, ниеден систем за пренос или складирање на податоци не може да гарантира стопроцентна безбедност.
Вашите Лични податоци ќе ги чуваме колку што е потребно или дозволено во рамки на целта/целите за која/кои се собрани и како што е наведено во ова Известување за приватноста. Критериумите за утврдување на нашите периоди на чување вклучуваат: (i) колку долго имаме однос со Вас и Ви ја овозможуваме Страницата; (ii) дали постои законска обврска на која сме подложни; или (iii) дали чувањето е во согласност со рамките на нашата законска положба.
Податоците кои ги собираме преку Страницата можат да бидат складирани и обработени во која било земја во којашто имаме објекти или од каде што ангажираме даватели на услуги, вклучувајќи ги САД и местата на кои работат нашите поврзани лица.
За пренос од Северна Македонија во трети земји надвор од Европската унија (ЕУ) / Европската економска област (ЕЕО) / НАТО, имаме воспоставено соодветни заштитни мерки, како на пример обезбедување дека примателот се обврзува на Стандардните договорни клаузули усвоени од Европската комисија или Агенцијата за заштита на личните податоци на Северна Македонија („Агенција“) , за заштита на Вашите Лични податоци.
За да добиете копија од овие мерки, ве молиме кликнете тука.
Страницата не е наменета за лица помлади од четиринаесет (14) години и ние свесно не собираме Лични податоци на такви личности. Ако сте под релевантната старосна граница во Северна Македонија, ќе Ви треба согласност од еден родител или законски старател за користењето на Страницата. Ве молиме консултирајте се со Вашиот родител или законски старател пред користењето на Страницата.
Ако ни дадете Лични податоци на лица помлади од четиринаесет (14) години, потврдувате дека имате соодветно овластување за тоа и дека тоа овластување можете да го покажете на друштвото Pfizer на нејзино барање.
Од време на време ќе го ажурираме ова Известување за приватноста на ЕЕО за ЗР. Сите евентуални промени ќе стапат на сила кога на Страницата ќе го објавиме ревидираното Известување за приватноста. Ова Известување за приватноста последен пат е ажурирано на датумот на „Последно ажурирање“ прикажан горе.
Друштвото одговорно за собирање, користење и откривање на Вашите Лични податоци според ова Известување за приватноста е:
Pfizer Export B.V. ,
Rotterdam, Rivium Westlaan 142, 2909LD Capelle aan den ljssel, Холандија
Ако имате прашања за ова Известување за приватноста или сакате да поднесете барање за остварување на кои било индивидуални права, Ве молиме пишете ни на следната адреса:
Pfizer Export B.V.
Rotterdam, Rivium Westlaan 142,
2909LD Capelle aan den ljssel, Холандија
Исто така, можете да се обратите на нашиот офицер за заштита на личните податоци задолжено за Вашата земја или регион, доколку е применливо. За да најдете податоци за контактирање на офицерот за заштита на личните податоци, посетете ја веб страницата на:DPO.Pfizer.com.
Можете да поднесете приговор/барање до Агенцијата како тело задолжено за заштита на личните податоци во Вашата земја или регион или во местото на наводното прекршување на правата во Северна Македонија. Ве молиме кликнете тука за податоците за контакт на Агенцијат.