Контакт
За насHomeЗа нас

Доброто здравје е од клучно значење за сите нас и пронаоѓањето одржливи решенија за најургентните здравствени предизвици на нашиот свет не може да чека. Затоа ние во компанијата Pfizer сме посветени на примена на науката и на нашите глобални ресурси за подобрување на здравјето и благосостојбата во секоја фаза од животот. Настојуваме да им обезбедиме пристап до безбедни, ефикасни и достапни лекови и поврзани здравствени услуги на луѓето на кои им се потребни.

Имаме водечко портфолио на производи и лекови кои ја поддржуваат благосостојбата и превенцијата, како и терапии и лекови за болести во широк дијапазон на терапевтски области. Исто така, имаме водечки систем на подготовки во индустријата за нови ветувачки производи кои имаат потенцијал да се борат со некои од најстрашните болести на нашето време, како што се Алцхајмеровата болест и ракот.

Во согласност со нашата одговорност како една од водечките светски иновативни биофармацевтски компании, ние соработуваме со давателите на здравствени услуги, владите и локалните заедници за поддршка и проширување на пристапот до сигурна, достапна здравствена заштита низ целиот свет. Повеќе од 150 години, Pfizer работеше да направи разлика за сите кои се потпираат на нас.

За насОдговорностПартнериИзвестувањеКонтактИзвестување за приватноста на ЕЕО за ЗРПравила на користењеИзвестување за приватностаМапа на сајтот 
© Pfizer Export B.V.
Rotterdam, Rivium Westlaan 142
2909LD Capelle aan den ljssel, Холандија / Сите права задржани

PP-UNP-MKD-0001, August 2022