Северна Македонија
ВОВЕД
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
КАКО ГИ КОРИСТИМЕ И КАКО ГИ ОТКРИВАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
КОНТРОЛИРАЊЕ НА МАРКЕТИНГОТ
ИНДИВИДУАЛНИ ПРАВА
БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ
ПРЕКУРАНИЧЕН ПРЕНОС
УСЛУГИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
УПОТРЕБА ОД МАЛОЛЕТНИЦИ
АЖУРИРАЊА
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР ДО РЕГУЛАТОРНО ТЕЛО
КОЛАЧИЊА
Ова Известување за приватноста („Известување за приватноста“) ги опишува податоците што ги собираме за Вас на веб-страницата на којашто ѝ пристапувате („Страница“); како ги користиме и како ги откриваме тие податоци; како ги штитиме; и одлуките кои можете да ги донесете во врска со нив. Ве повикуваме да го погледнете нашето Известување за приватноста и да кликнете на достапните линкови или да ја изберете опцијата „Дознај повеќе“ ако сакате дополнителни информации за одредена тема.
Личните податоци се податоци кои Ве идентификуваат како личност или кои се однесуваат на поединец кој може да се идентификува („Лични податоци"). На нашите Страници собираме Лични податоци на различни начини, вклучително и преку регистрација, апликации, анкети, во врска со вашите прашања и автоматски кога ги пребарувате нашите Страници.
Можеме да бараме основни Лични податоци кога користите некоја Страница; ако сте ЗР, можеме да бараме дополнителни Лични податоци.
Личните податоци кои можеме да ги побараме вклучуваат:
Име;
Претпочитан јазик;
Фотографии;
Податоци за контакт (како што се поштенска адреса, телефонски броеви, адреса на е-пошта);
Ваши интереси (како што се здравствени состојби и теми за кои барате информации преку Страницата или за кои изразувате интерес).
Ако сте ЗР, можеме да бараме и дополнителни податоци во врска со нашата професионална интеракција со Вас:
Работна биографија/квалификации;
Податоци во врска со вашата лиценца, специјализација, професионална припадност, публикации, квалификации и други професионални достигнувања;
Податоци за несакано случување;
Податоци во врска со Вашето користење на нашите производи, Вашите интеракции со нас и услугите за оние за кои се грижите.
Ако сте ЗР, можеме да бараме и дополнителни податоци во врска со нашата професионална интеракција со Вас:
Работна биографија/квалификации;
Податоци во врска со вашата лиценца, специјализација, професионална припадност, публикации, квалификации и други професионални достигнувања;
Податоци за несакано случување;
Податоци во врска со Вашето користење на нашите производи, Вашите интеракции со нас и услугите за оние за кои се грижите.
Исто така, можеме да собираме Лични податоци од други извори, вклучувајќи компании кои се занимаваат со податоци, јавно достапни бази на податоци, заеднички маркетиншки партнери, платформи на социјални мрежи и останати трети лица.
Ако одлучите да го поврзете вашиот профил на некоја социјална мрежа со Страницата за да овозможите споделување, одредени Лични податоци од Вашиот профил на социјалната мрежа ќе бидат споделени со нас, што може да вклучува Лични податоци кои се дел од Вашиот профил или од профилите на Вашите пријатели.
Можеме да добиваме Лични податоци од останати трети лица за да ги потврдиме податоците за контакт или финансиските податоци за подобро разбирање на Вашите интереси, со поврзување на демографските податоци со Личните податоци кои сте ги дале.
Кога од Вас ќе се побара да дадете Лични податоци, можете да го одбиете тоа. Но, ако одлучите да не ги дадете податоците што ни се неопходни за да ја обезбедиме бараната услуга, можеби нема да бидеме во можност да Ви ја дадеме таа услуга.
Ако ни дадете Лични податоци или ни дозволите да собереме какви било Лични податоци во врска со друга личност, ни кажувате дека сте овластени да ги споделувате тие податоци и дека ни дозволувате да ги користиме тие податоци на начин опишан во ова Известување за приватноста.
Ние ги обработуваме Личните податоци законски, фер и на транспарентен начин со кој се обезбедува соодветна заштита на личните податоци, вклучувајќи и заштита од неовластена или незаконска обработка и од случајно губење, уништување или оштетување, користејќи соодветни технички или организациони мерки.
Личните податоци ги користиме со цел да:
Обезбедиме функционалност на Страницата и да ги исполниме Вашите барања кога имаме договорен однос или легитимен интерес.
Во функционалноста на Страницата и во исполнувањето на Вашите барања спаѓа следното:
Да Ви обезбедиме кориснички услуги.
Да одговориме на Вашите прашања и да ги исполниме Вашите барања и да ги извршиме Вашите трансакции.
Да Ви испратиме административни информации, како што се промени на нашите правила, услови и политики, како и маркетиншки комуникации за кои веруваме дека би можеле да Ве интересираат.
Да ја олесниме функционалноста на споделување преку друштвените мрежи.
Да Ви овозможиме да испратите порака на друга личност, како на пример на колега, негувател, пријател или пациент.
Да обезбедиме персонализирани услуги кога ја имаме Вашата согласност или легитимен интерес за давање информации кои Ве интересираат.
Во персонализирани услуги спаѓа следното:
Подобро да Ве разбереме и да ја персонализираме интеракцијата со Вас.
Да анализираме или да предвидуваме што сакаат нашите корисници, за идентификување на групирани извештаи за трендовите на користење на дигиталната содржина на друштвото Pfizer.
Да анализираме или да предвидиме што сакате, за да ја подобриме нашата интеракција со Вас, т.е. за да Ви обезбедиме подобра содржина, производи и понуда (преку нашата Страница, на адресата на е-пошта или со дигиталните алатки) за кои сметаме дека ќе бидат релевантни за Вашите професионални интереси.
Да комуницираме со Вас како ЗР, кога имаме договорен однос или легитимен интерес.
Комуницирањето со Вас како здравствен работник го вклучува следното:
Да ја потврдиме Вашата можноста за пристап до одредени производи, услуги и податоци кои би можеле да им се обезбедат само на одредени лиценцирани ЗР.
Да имаме со Вас интеракција заснована на Вашата професионална стручност и мислење со помош на дигиталните и другите средства.
Да Ве вклучиме во програми/панели за здравствени работници.
Да Ви се обратиме за Вашата професионална стручност, на пример, во контекст на анкети поврзани со производи или услуги кои се дело на друштвото Pfizer или на некој нејзин деловен партнер.
Да соработуваме со Вас на медицински настани, публикации или советодавни состаноци.
Да го побараме Вашето мислење за производите и услугите што ги промовираме ние, некоја наша подружница или деловен партнер со цел развој и унапредување.
Да Ви овозможиме да учествувате во специјални програми, активности, настани или промоции во рамки на нашиот договорен однос со Вас или таму каде што имаме легитимен интерес.
Во овие случаи можеме да ги користиме Вашите Лични податоци на дополнителни начини во рамки на овие специјални програми, активности, настани или промоции.
Да работиме во согласност со нашите законски обврски и да ги исполниме нашите легитимни интереси во одржувањето на работењето.
Нашите деловни активности го вклучуваат следното:
Да вршиме анализи на податоци и ревизии.
Да ги идентификуваме трендовите во користењето на нашите Страници и да ја анализираме ефикасноста на нашата комуникација.
Да ги воочиме, спречиме и истражиме измамите, вклучувајќи (сајбер) надзор на безбедноста и спречување.
Да ги развиваме, унапредуваме, подобруваме или менуваме нашите производи и услуги.
Да ја потврдиме Вашата можност за пристап или употреба на одредени производи или услуги.
Подобро да разбереме како нашите производи и услуги влијаат на Вас и на оние за кои се грижите.
Да ги следиме и да реагираме на грижите, вклучувајќи преземање регулаторен надзор и обврска на известување поврзано со несакани настани, жалби на производи и безбедност на пациентите.
Да ги водиме и да ги прошируваме нашите деловни активности.
Можеме да ги групираме Личните податоци кои Вие и другите корисници на Страницата ги давате. Ако го направиме тоа, така групираните податоци можеме да ги користиме и да ги откриваме за која било намена. Групираните податоци не Ве идентификуваат лично ниту Вас, ниту кое било друго лице.
Личните податоци ги објавуваме на следниот начин:
На другите друштва на Pfizer за целите опишани во ова Известување за приватноста
На наши даватели на услуги од трети страни, за да дадат услуги како што се хостирање на веб-страницата, анализа на податоците, обезбедување информациски технологии и поврзана инфраструктура, кориснички сервис, доставување е-пошта, ревизија и други услуги.
На други друштва со кои соработуваме во врска со одредени производи или услуги. Тоа може да ги вклучува нашите партнери во заедничка промоција на производи што заеднички ги развиваме и/или пласираме на пазарот.
Кога објавувате податоци или материјали на форуми, во приватни пораки, на профилни страници, блогови и на други сервиси.
Ако одлучите да споделите податоци или материјали преку нашата Страница, Ве молиме имајте го на ум следното:
Сè што ќе поставите ќе им биде достапно на другите корисници на Страницата и на пошироката јавност.
Бидете внимателни кога одлучувате да објавите какви било податоци или материјали преку Страницата или кога го поврзувате својот профил на социјалните мрежи.
Кога ја користите Страницата за испраќање пораки или за октривање на какви било податоци или материјали (вклучувајќи ја и употребата на функционалноста за споделување на социјални мрежи), пораките, податоците или материјалите ќе им бидат достапни и на други (на пример, на други корисници на Страницата, на Вашите пријатели поврзани со Вашиот профил на социјалните мрежи, на давателот на услугата на социјалната мрежа на која имате профил и/или на пошироката јавност).
Исто така, ги користиме и ги објавуваме Вашите Лични податоци кога сметаме дека тоа е неопходно или пригодно:
За да ги почитуваме применливите закони и своите обврски за регулаторен надзор и известување (кои можат да вклучуваат закони надвор од Вашата земја на живеење), за да одговориме на барањата на јавните и владините тела (кои можат да вклучуваат и тела надвор од Вашата земја на живеење), за да соработуваме со полиција или од други правни причини.
За да ги применуваме нашите правила и услови.
За да ги заштитиме нашите права, приватноста, безбедноста или имотот и/или правата, приватноста, безбедноста или имотот на нашите поврзани лица, на Вас или на други лица.
Покрај тоа, можеме да користиме, да откриваме или да пренесуваме Лични податоци на трето лице во врска со каква било реорганизација, спојување, продажба, заедничко вложување, пренос или друго располагање со целото или со дел од нашето работење, средства или акции (вклучително и во врска со каква било стечајна или слична постапка).
Ако повеќе не сакате да примате рекламни пораки од нас за цели на директен маркетинг, контактирајте нè на начинот наведен во делот Контактирајте нè, или на одредени Страници ажурирајте ги претпочитањата на Вашиот профил или сметка. Во Вашето барање, Ве молиме наведете го Вашето име и адресите преку кои не сакате повеќе да бидете контактирани. Ако одлучите повеќе да не примате рекламни пораки од нас за цели на директен маркетинг, и понатаму можеме да Ви испраќаме важни административни пораки, чиј прием не можете да го прекинете.
На некои Страници имате можност да го ажурирате Вашиот профил преку Страницата.
Ако сакате да побарате пристап, преглед, исправка, ажурирање, спречување, ограничување, бришење или да приговарате на обработката на Личните податоци што сте ни ги доставиле преку Страницата или ако сакате да побарате прием на електронска копија од Личните податоци со цел да се пренесат на друго друштво, можете да нè контактирате на начин наведен во делот Контактирајте нè.
На Вашето барање ќе одговориме во согласност со применливите закони.
Во Вашето барање, Ве молиме наведете кои Лични податоци сакате да ги измените, дали сакате да бидат отстранети од нашата база на податоци или известете нè на кој начин сакате да ја ограничите нашата употреба на тие податоци. За Ваша заштита, можеби ќе мораме да го потврдиме Вашиот идентитет пред извршувањето на Вашето барање. Ќе се обидеме да го исполниме Вашето барање колку што е можно побрзо, согласно роковите пропишани со закон (доколку ги има).
Ве молиме имајте предвид дека можеби ќе мораме да задржиме одредени Лични податоци за потребите на водење евиденција и/или за довршување на евентуални трансакции што сте ги започнале пред поднесувањето барање за измени или бришење.
Се трудиме да користиме разумни организациски, технички и административни мерки за заштита на Вашите Лични податоци. За жал, ниту еден систем за пренос и складирање на податоци не може да гарантира стопроцентна безбедност.
Вашите Лични податоци ќе ги чуваме колку што е потребно или дозволено во рамки на целта/целите за која/кои се собрани и како што е наведено во ова Известување за приватноста. Критериумите за утврдување на нашите периоди на чување вклучуваат: (i) колку долго имаме однос со Вас и Ви ја обезбедуваме Страницата; (ii) дали постои законска обврска на која сме подложни; или (iii) дали чувањето е препорачливо во рамки на нашата законска положба (на пример, во поглед на примената на Правилата за користење на Страницата, применливата застареност, во парнична постапка или регулаторни истраги).
Податоците кои ги собираме преку Страницата можат да бидат складирани и обработени во која било земја во којашто имаме објекти или од каде што ангажираме даватели на услуги, вклучувајќи ги САД и местата на кои работат нашите подружници.
а преноси од Северна Македонија во трети земји надвор од Европската унија (ЕУ) / Европскиот економски простор (ЕЕП), имаме воспоставено соодветни заштитни мерки, како на пример обезбедување дека примателот се обврзува на Стандардните договорни клаузули усвоени од Европската комисија или Агенцијата за заштита на личните податоци на Северна Македонија („Агенција“), за заштита на Вашите Лични податоци. Можете да добиете копија од овие мерки со тоа што ќе нè контактирате онака како што е наведено во делот Контактирајте нè.
Ова Известување за приватност не се однесува на, ниту пак ние сме одговорни за собирањето податоци, употребата, откривањето или безбедносната практика, или други практики, на која било трета страна, вклучувајќи и кое било трето лице, како и вклучувајќи го секое трето лице кое води сервис до кој може да се пристапи преку линк од Страницата.
Страницата не е наменета за лица помлади од четиринаесет (14) години и ние свесно не собираме Лични податоци на такви личности. Ако сте под релевантната старосна граница во Северна Македонија, ќе Ви треба согласност од еден родител или законски старател за користењето на Страницата. Ве молиме консултирајте се со Вашиот родител или законски старател пред користењето на Страницата.
Ако ни дадете Лични податоци на лица помлади од четиринаесет (14) години, потврдувате дека имате соодветно овластување за тоа и дека тоа овластување можете да го покажете на друштвото Pfizer на нејзино барање.
Од време на време ќе го ажурираме ова Известување за приватноста. Сите евентуални промени ќе стапат на сила кога на Страницата ќе го објавиме ревидираното Известување за приватноста. Ова Известување за приватноста последен пат е ажурирано на датумот на „Последно ажурирање“ прикажан горе.
Друштвото одговорно за собирање, користење и откривање на Вaшите Лични податоци („Контролор") според ова Известување на приватноста е:
Pfizer Export B.V.
Rotterdam, Rivium Westlaan 142, 2909LD Capelle aan den ljssel, Холандија
Ако имате прашања за ова Известување за приватноста или сакате да поднесете барање за остварување на кои било индивидуални права, Ве молиме пишете ни на следната адреса:
Pfizer Export B.V. ,
Rotterdam, Rivium Westlaan 142, 2909LD Capelle aan den ljssel, Холандија
Исто така, можете да се обратите на нашиот офицер за заштита на личните податоци задолжено за Вашата земја или регион, ако е тоа применливо. За да најдете податоци за контактирање на офицерот за заштита на личните податоци, посетете ја веб страницата на:DPO.Pfizer.com.
Можете да поднесете приговор/барање до Агенцијата како тело задолжено за заштита на личните податоци во Вашата земја или регион или во местото на наводното прекршување на правата во Северна Македонија. Ве молиме кликнете тука за податоците за контакт на Агенцијата.
Колачињата се стандарден елемент на веб-страниците кој ни овозможува на Вашиот компјутер да поставиме мала количина на податоци за Вашата посета на нашата Страница. Колачињата ни помагаат да дознаеме кои делови од Страницата Ви се корисни, а кои треба да се подобрат.
Можете да најдете информации за колачињата кои ги користиме и да ги менувате вашите поставувања за колачиња и слични технологии со тоа што ќе кликнете на алатката наречена Алатка за прифаќање на колачиња во долниот десен агол на секоја страна од нашата Страница. Покрај тоа, можете да ги одбиете или да ги прифатите колачињата од Страницата во секој момент со активирање на поставувањата на Вашиот пребарувач. Информации за процедурата за активирање или деактивирање на колачињата можат да се најдат на веб-страницата на Вашиот интернет-провајдер, преку Вашиот екран за помош. Ве молиме погледнете наhttp://www.allaboutcookies.org/manage-cookies/index.htmlза информации за често користените пребарувачи. Ве молиме имајте предвид дека, ако колачињата се деактивирани, Вашето искуство на Страницата може да биде ослабено и дека можеби сите елементи од Страницата нема да функционираат онака како што би требало.
Исто така, може да користиме технологии слични на колачињата, како што се:
Пиксел-тагови (Pixel Tags)
Пиксел-таговите (познати и како веб-светилници или чисти ГИФ-ови) се користат, меѓу другото, и за следење на активностите на корисникот на Страницата, мерење на успешноста на нашите маркетиншки кампањи и за собирање на статистички податоци за користењето на Страницата и стапките на одговор.
Адоб флеш (Adobe Flash)
Флеш локалните споделени објекти (Flash Local Shared Objects, познати и како Флеш-колачиња) („Flash LDO“) и други технологии се користат, меѓу другото, и за собирање и складирање на податоци за Вашето користење на Страницата. За да дознаете кои се Вашите опции во поглед на Flash LDO, Ве молиме посетете ја оваастраница. Ве молиме имајте предвид дека поставувањата на Флеш-плеерот да го ограничи прифаќањето на Flash LDO може да ја намали или да ѝ попречи на функционалноста на одредени Флеш-апликации.
Гугл-аналитика (Google Analytics)
Гугл-аналитиката е услуга што ја дава друштвото Google, Inc. (“Google“). Гугл-аналитиката ја користиме за собирање анонимизирани статистички податоци со цел подобрување на Страницата.
Дознајте повеќе за Гугл-аналитиката и приватноста. Можете селективно да ја деактивирате Гугл-аналитиката со инсталирање на компонента за исклучок (opt-out component) која Google ја нуди на Вашиот пребарувач. За повеќе информации, Ве молиме погледнете ги линковите подолу:
Информации што ги собира пребарувачот или уредот. Одредени информации ги собираат повеќето пребарувачи или се собираат автоматски преку Вашиот уред, како на пример Вашата адреса за Контрола на пристап на медиуми (Media Access Control – MAC), видот на компјутер (Windows или Mac), резолуцијата на екранот, името и верзијата на оперативниот систем, производителот и моделот на уредот, јазикот, видот и верзијата на интернет-пребарувачот, како и името и верзијата на Страницата што ја користите. Овие информации ги користиме за да обезбедиме правилно функционирање на Страницата.
До степенот до кој кои било Лични податоци се собираат преку колачињата или другите технологии, применливи се другите делови од ова Известување за приватноста.