Контакт
Правила на користење на веб-страницатаHomeПравила на користење на веб-страницата

Ве молиме прочитајте ги и внимателно разгледајте ги овие Правила на користење пред пристапувањето или користењето на оваа веб-страница. Со пристапувањето или со користењето на оваа веб-страница, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле овие Правила на користење. Ако не ги прифатите правилата на користење, не можете да пристапите или да ја користите веб-страницата. Друштвото Pfizer може од време на време да ги менува овие Правила на користење, па повремено би требало да ги проверувате овие Правила на користење, затоа што сите евентуални промени ќе стапат на сила веднаш по објавувањето на оваа веб-страница.

  1. Користење на веб-страницата
    Вашиот пристап и користењето на информациите од веб-страницата подлежат на овие Правила на користење. Согласни сте дека во секој момент го почитувате законот при користењето и пристапувањето на оваа веб-страница и дека нема да направите ништо што ќе го оштети, попречи и отежни пристапот и ќе ја прекине или наруши функционалноста на оваа веб-страница или ќе го спречи користењето и уживањето во веб-страницата од страна на другите корисници.

  2. Содржина
    Согласни сте да пристапите на оваа веб-страница и да ја користите нејзината содржина на свој ризик. Pfizer може да додава, менува или брише материјал од оваа веб-страница во кој било момент по сопствена дискреција. Pfizer ќе вложи разумни напори да внесе точни и актуелни информации на оваа веб-страница, но на ниеден начин не гарантира, не се обврзува, ниту изнесува тврдење во поглед на нивната точност, актуелност, квалитет, потполност и целисходност. Pfizer се оградува од сите гаранции, експлицитни или имплицитни, кои во најголема мера се дозволени со закон. Ниту Pfizer, ниту неговите поврзани лица, ниту некоја страна вклучена во создавањето, правењето или поставувањето на оваа веб-страница нема да сноси одговорност за какви било загуби, штети или трошоци, било по основа на договори, отштетно право (вклучувајќи онебрежност) или на друг начин кои би можеле да произлезат од потпирање на информациите на оваа веб-страница, на пристапот, користењето или неможноста за користење на оваа веб-страница или на какви било грешки или пропусти во нејзината содржина. Ова ограничување ги вклучува сите евентуални загуби, штети или трошоци предизвикани од евентуални вируси кои ќе ги заразат вашата компјутерска опрема, софтвер или податоци.

  3. Колачиња и приватност
    Pfizer ја почитува приватноста на своите корисници на веб-страница. Ве молиме погледнете ја нашата Политика на колачиња и на приватност која ги објаснува корисничките права и основата по која можеме да користиме какви било Лични податоци (вклучително и со користење на „колачиња“) кои ќе ни станат достапни со користењето на оваа веб-страница.

  4. Веб-страници и линкови од трети страни
    Оваа веб-страница може да содржи линкови или референци за други веб-страници одржувани од трети страни над кои немаме никаква контрола. Таквите линкови се понудени само како погодност. Слично на тоа, на оваа веб-страница може да се пристапи од линкови од трети страни над кои Pfizer нема никаква контрола. Pfizer не гарантира, не се обврзува и на никаков начин не тврди дека кои било информации содржани на таквите веб-страници се точни, актуелни, квалитетни, целосни или целисходни и не сноси никаква одговорност за какви било загуби, штети или трошоци кои произлегуваат од таквите информации. Вклучувањето на каков било линк од трета страна не имплицира поддршка или препорака од страна на друштвото Pfizer.

  5. Медицински информации
    Оваа веб-страница може да содржи информации во врска со разни медицински состојби и нивно лекување. Во таквите случаи, овие информации служат исклучиво за општо информирање и не треба да бидат замена за советите кои би ги дал лекар или некој друг квалификуван здравствен работник. Информациите од оваа веб-страница не треба да ги користите за да дијагностицирате здравствен проблем, состојба или заболување – секогаш обратете се кај лекар или кај некој друг здравствен работник. Ако имате какви било прашања или ви требаат дополнителни информации, ве молиме контактирајте ја медицинската информативна служба преку адресата на е-пошта: [email protected]. Во случај на појава на какво било несакано дејство, секогаш известете го и побарајте совет од Вашиот доктор. За да пријавите несакано дејство поврзано со користење на лековите на Pfizer, можете да ја користите  веб-страницата www.pfizersafetyreporting.com. Несаканите дејства, исто така, може да ги пријавите и по електронски пат преку веб-страницата на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (“МАЛМЕД”) www.malmed.gov.mk или директно преку Националниот центар за фармаковигиланца при МАЛМЕД (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54 кат 1, Скопје, Северна Македонија).

  6. Информации кои не се доверливи
    Во согласност со нашата Политика на колачиња и приватност, какви било информации или друг вид материјали кои ќе ги испратите на друштвото Pfizer преку интернет или ќе ги поставите на веб-страницата преку е-пошта или на друг начин, како и сите евентуални прашања, коментари и сугестии, не се и нема да се сметаат за доверливи и Pfizer нема да има никакви обврски во поглед на нив. Pfizer ќе има слобода да ги користи сите евентуални идеи, концепти, know-how или техники содржани во таа комуникација и материјалите за кои било цели, вклучувајќи ги и, но не ограничувајќи се на развој, производство и рекламирање на производи.

  7. Права на интелектуална сопственост
    Pfizer е сопственик на сите авторски права, патенти, права поврзани со бази на податоци, трговски марки, дизајни, know-how и доверливи информации (било да се регистрирани или не), како и на сите други права на интелектуална сопственост кои постојат на оваа веб-страница и во нејзината содржина. Содржината на оваа веб-страница може да се копира исклучиво за некомерцијални потреби на поединечни референци, со задржување на сите авторски и други сопственички права и потоа не можат да бидат повторно копирани, репродуцирани или на кој било друг начин редистрибуирани. Освен ако не е изречно дозволено погоре, не смеете да копирате, прикажувате, преземате, дистрибуирате, менувате, репродуцирате, повторно да објавувате или повторно да пренесувате кои било информации, текст или документи содржани на оваа веб-страница или во кој било нејзин дел на кој било електронски медиум или на хартиjа, ниту да создавате какви било дела кои произлегуваат од неа, без изречно писмено одобрување од друштвото Pfizer. Покрај тоа, името и логото на Pfizer се регистрирани трговски марки и не смеат да се користат без писмена дозвола на друштвото Pfizer. Злоупотребата на трговските марки на друштвото Pfizer или на кои било други материјали е забранета и може да претставува кршење на Законот за авторско право и други сродни права, Законот за индустриска сопственост и/или други закони на Северна Македонија. Ве молиме имаjте предвид дека Pfizer активно и агресивно ги штити своите права на интелектуална сопственост во наjголемата мера дозволена со закон.

  8. Закони на Северна Македонија
    Оваа веб-страница и нејзината содржина се осмислени за да бидат во согласност со законите на Северна Македонија. Иако информациите на оваа веб-страница им се достапни и на корисниците надвор од Северна Македонија, информациите на веб-страницата се наменети исклучиво за жителите на Северна Македонија.

  9. Разно
    Доколку кои било одредби од овие Правила на користење би се сметале за незаконски, неважечки или неприменливи, таквите одредби ќе бидат укинати или избришани без да влијаат на применливоста на останатите одредби.

За нас Одговорност Партнери Известување Контакт Известување за приватноста на ЕЕО за ЗР Правила на користење Известување за приватноста Мапа на сајтот© Pfizer Export B.V.
Rotterdam, Rivium Westlaan 142
2909LD Capelle aan den ljssel, Холандија / Сите права задржани

PP-UNP-MKD-0006 • June 2025